Предавање - Како заедно да го победиме карциномот на грлото на матката

Предавање - Како заедно да го победиме карциномот на грлото на матката

Во рамки на одбележувањето на месецот на броба против ракот на грлото на матката, Болницата Плодност со свој продонес, одржаа едукативна трибина токму на оваа тема со цел подигнување на свеста кај македонската жена. Оваа болест пустоши низ светот, односно околу 500 000 жени се болни годишно, таа бројка во земјава е околу 200 000, а 40-50 жени годишно и умираат. Целта на трибината е да ги мотивираат жените да прават чести конторли кои заначат рана детекција на ова заболување а раната детекција односно откивање на болеста во предстадиумска состојба значи и 100% лечење.

Тимот од Болница Плодност, др.Таше Трпчевски, др.Благојче Обедниковски и др.Влатко Ѓоргиевски одржаа предавање во малата сала во Центарот за Култура во Битола на тема: Како заедно да го победиме карциномот на грлото на матката. Покрај едукативната сесија беа поделени и 10 бесплатни комплетни гинеколошки прегледи + ПАП за присутните.

Во прилог се дадени изјавите и галеријата од настанот.

Болница Плодност Битола