Прво безболно породување во Болница Плодност

Прво безболно породување во Болница Плодност

Во специјалната гинеколошко-акушерска болница Плодност се спроведе првиот безболен пораѓај, односно пораѓај со епидурална анлегезија, принцип често приемнуван во светот.Во земјава е применуван, но не често, според окотрите поради неинформираност на родилките.

"Тоа е анелгезија не се работи за анестезија, жените имаат можност да се движат се работи за обезболување на оној прв процес на контракциите на матката па се до крајот на самиот чин односно излегувањето на бебето."- вели Раде Бјелиќ анестезиолог

При ваквиот принцип, бенефит имаат и двете страни и родилките и лекарскиот тим вклучен во чинот на породување.

"Има огромна разлика стресот тука го нема, болките као не се целосно но се многу намалени, соработката со жените трае во текот на целото породување.Жените кои еднаш се породиле на ваков начин повеќе никогаш не се породуваат природно, нормално да речам."- вели Бјелиќ

Стресните породилни болки, квалификувани како едни од најсилните, оваа жена тврди дека воопшто не ги почуствувала.

"Моментот кога ми ставија епидурална лајт анестезија осетив дека од половина надолу не чувствувам болки ни контракции јошто го почувствував само моментот кога си го зедов синот в раце најблагородно чувство за една жена кога ќе стане мајка.Оние болки за кои ми кажуваа мајка ми баба ми моите блиски роднини трауматски болки јас не ги почувствува."- вели Маја Главинческа Спироска

Препораката на Маја е сите идни мајки, пордувањето да го извршат со овој безболен принцип, за исторшеноста од чинот да не го загрози чувството на мајчинство при првиот контакт со своето чедо.

Болница Плодност Битола