Првите близначиња во Болница Плодност

Првите близначиња во Болница Плодност

На 01/11/2011 во нашата болница на голема радост на сите ги добивме првите близначиња. Тие се во одлична состојба исто како и родилката.

Особено не радува фактот што се овие две бебиња добиени со ИВФ постапка која е направена во нашиот ИВФ центар. Пораѓањето беше извршено со царски рез. Имињата на новородените се Марија Магдалена и Ана Марија.

"Сакам да се заблагодарам на најдобриот и најуспешниот доктор кој сум го запознала за радост (дупла) која ни ја донесе во фамилијата со близначките, нашите најмили Ана Марија & Марија Магдалена. Сакам на сиот свет, на сиот глас да кажам: ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ од мене и мојата сестра Елена Спироска. Вие сте најхуманиот човек на планетата" - Изјави родилката.

 
bliznaci1

Болница Плодност Битола