Отварање на новата болница Плодност Битола

Отварање на новата болница Плодност Битола

Со амин на владиката Петар, денеска свечено беше промовирана новата специјална гинеколошко акушерска болница, Плодност во Битола. По долгогодишно најавуваниот старт, сопственикот изјави дека, конечно Битола и регионот добија болница по сведски терк.

"Тоа ќе биде специјална болница која ќе дава услуги од гинеколошко акушерските процеси хирушки зафати, пораѓања."- вели д-р Таше Трпчевски сопственик на Болница Плодност.

Болницата започнува со 65 вработени, 12 специјалисти 34 сестр и и останат персонал со што на Трпчевски довербата му ја дадоа 5 гинеколози, 3 анастезиолози и 2 педијатри од Клиничката болница Битола.Болницата е од отворен тип и нема да се селектираат пациентите, кои велат ќе плаѓаат 30-40% пониски цени од специјалните болници во земјава.Пациенти се очекуваат и од соседните земји Србија, Албанија и Грција, со што болницата добивала на конкурентоност во земјава, меѓу другите здравствени установи од овој тип.Инаку како база на Болницата, е досегашната ординација Плодност, која се истакна како прва во процентот на успешна бременост, со што резултатите веќе ги докажале.

Идејата е секогаш во тренд со медицината во светот.

Болницата располага со 2500м2 употреблива површина, 15 еднокреветни соби, два двокреветни апартмани, две соби со по три кревети и две за интензивна нега.Вкупниот капациет нa болницата е околу 32 легла.

Болница Плодност Битола