НОВО: Дијагностички центар со нови услуги

НОВО: Дијагностички центар со нови услуги

ПОТРЕБНА ВИ Е ДИЈАГНОЗА?

ОБРАТЕТЕ СЕ ВО ДИЈАГНОСТИЧКИОТ ДЕЛ НА БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ!

РЕНДГЕНСКИ И ЕХО ПРЕГЛЕДИ КАЈ ПРИМАРИУС ДР. АЛЕКСАНДАР РИСТЕСКИ

Во термин кој Вам Ви одговара, без чекање, закажете:

1. Дијагностика на целиот систем за варење со рендгенски преглед:

- голтник (ждрело),

- тироидна - штитна жлезда,

- храновод,

- желудник и дванаесетпалечно црево,

- тенко црево (пасажа),

- дебело црево (иригографија).

2. Дијагностика на бубрези – рендгенско длабинско снимање на бубрези по пат на инфузија (капка по капка).

3. Рендгенско снимање на сите делови од телото, рутински и специјални снимки на бели дробови и на скелетот ('рбет, карлица, колено...).

4. Ехо дијагностика на:

- абдомен во целост,

- бубрези со мочен меур (капацитет и степен на празнење - рестурина) и простата,

- дојки,

- мозок кај доенчиња,

- сите органи на вратот,

- тестиси,

- простата и семени кесички со ректална сонда,

- детски колкови,

- меки ткива, лимфни јазли.

5. Мамографија.

6. Галактографија.

7. Фистулографија.

8. Хистеросалпингографија – снимање на матка и проодност на каналите.

Kај сите бебиња родени во Болницата ПЛОДНОСТ, се прави комплетен ехо преглед (мозок, абдомен и колкови).

ПОСТАВЕТЕ ДИЈАГНОЗА – ЛЕКУВАЊЕТО ПОТОА Е ЛЕСНО!

rendgenologija-news

Болница Плодност Битола