Неплодноста е сеуште табу тема

Неплодноста е сеуште табу тема

На тема „Ин-Витро оплодување - Наша уметност за правење бебиња", болницата „Плодност" синоќа одржа трибина на која присуствуваа идни мајки и сите заинтересирани да слушнат и говорат на оваа тема.

- Со оглед на тоа дека имаме голем багаж, досега породени околу 740-750 бебиња со ин-витро, со право може да се каже дека станавме уметници за оваа постапка. Неплодноста е тема за која се уште не се разговара отворено. Веројатно се срамат да доаѓаат на вакви предавања, мислам дека се уште неплодноста е табу тема, мислам дека повеќе се едуцираат од социјалните мрежи, вели д-р Таше Трпчевски.

Болница Плодност Битола