Комплетна хистеректомија (вадење на матка) по лапараскопски пат

Комплетна хистеректомија (вадење на матка) по лапараскопски пат

За прв пат во Битола, направена е комплетна хистеректомија (вадење на матка) по лапараскопски пат. Ова е една од посложените операции и нашиот тим е спремен во иднина, на сите пациентки на кои им е иницирано вадење на матката, тоа да го направат по лапараскопски пат.

Овој начин има предност во одност на класичната операција, затоа што самата интервенција е минимално инвазивна и нема рез на стомачниот ѕид.

Пациентките оперирани на овој начин се мобилни после 2 часа, а веќе наредниот ден се праќаат дома.

Нашиот тим на гинеколози е пионер во лапараскопската хирургија во Македонија и тој тренд го продолжува.

Болница Плодност Битола