Две новороденчиња на новогодишната ноќ

Две новороденчиња на новогодишната ноќ

На 01.01.2013 година, на новогодишната ноќ беа родени две женски бебиња во нашата болница. Каја и Мартина донесоа многу радост на персоналот во нашата болница и најголем новогодишен подарок на нивните родители.

"Во текот на ноќта, односно во раните утрински часови, на првиот јануарски ден во новата година имаме две новородени женски бебиња, едното бебе е на мајка од Битола, другото е на мајка од Злетово, Пробиштип. Бебињата се породени околу два и три часот по полноќ, и се во одлична кондиција. Здрави и живи." изјави, д-р.Таше Трпчевски.

"Раѓањето се одвиваше одлично, многу сме среќни што се родија две прекрасни бебиња, едното е Каја другото Мартина, им пожелуваме среќа и успех понатаму во животот, и воедно ги поздравуваме сите наши сограѓани и граѓаните на Република Македонија и им пожелуваме среќа, успех и многу бериќет во новата година" изјави д-р.Марија Христовска.

На големо задоволство, градоначалникот на Општина Битола, м-р.Владимир Талески ја посети нашата болница за да им честита на родилките и им посака успешна и бериќетна година.

"Мислам дека е и ова една одлична можност каде што граѓаните можат да избираат, дали да го направат самото раѓање во Клинчката Болница или тука во Болница Плодност, сепак е тоа индивидуална одлука. Јас им посакувам на сите добро здравје, многу среќа, успеси во работата, и се разбира докторите коишто се занимаваат со оваа работа да имаат многу многу работа и да ни носат многу дечиња на овој свет." изјави градоначалникот Владимир Талески.

Во нашата болница во текот на минатата година се родени 300 бебиња, кои за нас значат многу за да продолжиме со нашата успешна работа.

Во прилог можете да ги погледнете изјавите како и галеријата со прекрасните Каја и Мартина.

Болница Плодност Битола