ГАЛЕРИЈА: 800 и 801-то бебе добиено по пат на ИВФ во Болница Плодност

ГАЛЕРИЈА: 800 и 801-то бебе добиено по пат на ИВФ во Болница Плодност

На голема радост на сите вработени во нашата болница се родија 800 и 801-то бебе добиено по пат на ИВФ (од епрувета). Исто така денеска славиме 10-годишен јубилеј од породувањето на првото инвитро бебе.

Живко и Сара ги устреќија своите родители кои добија близначиња по пат на ИВФ. Родени се на 30.01.2014 година во 11:15 часот со царски рез.

Живко се роди со тежина од 2430г., додека Сара со тежина од 2420г. И двете се во одлична состојба и кондиција.

- Денес случајност или Господ така сакаше, имаме два јубилеја. 10 години од првото инвитро бебе, Петар е роден денес, има 10 години. Вчера ни се родија близначиња, 800 и 801 бебе, изјави д-р Таше Трпчевски, болница „Плодност".

- Од мај почнавме да доаѓаме кај д-р Таше, благодарение на целиот стручен тим, се родија моите прекрасни близначиња, изјави Јасна Чочкова.

- Се породи со царски рез, двете близначиња се доносени до термин. Процентот на успешноста на инвитро и натаму останува висок, 50%, изјави д-р Трпчевски.

Им честитаме на среќните родители и им посакуваме прекрасни моменти!

Прекраните Живко и Сара:

Болница Плодност Битола