ГАЛЕРИЈА: Две новороденчиња родени на 01.01.2014

ГАЛЕРИЈА: Две новороденчиња родени на 01.01.2014

На 01.01.2014 година, на првиот ден од новата година беа родени едно машко и едно женско новороденче во нашата болница. Герогиј и Леа донесоа многу радост на персоналот во нашата болница и најголем новогодишен подарок на нивните родители.

Георгиј се роди во 1:00 часот по полноќ додека Леа се роди во 9:45 часот изутрина и двете во одлична здравствена кондиција. Родителите на Георгиј се од Битола, додека на Леа од Прилеп.

На големо задоволство, градоначалникот на Општина Битола, д-р.Владимир Талески ја посети нашата болница за да им честита на родилките и им посака успешна и бериќетна година.

Вработените од Болница Плодност им ја честитаат новата година на Георгиј и Леа, да имаат прекрасни моменти со нивните деца и да уживаат во секој миг со нив.

Во прилог е дадена галеријата со прекрасните Георгиј и Леа.

Болница Плодност Битола