ГАЛЕРИЈА: Болница Плодност дел од најуспешни битолчани за 2013

ГАЛЕРИЈА: Болница Плодност дел од најуспешни битолчани за 2013

Болница Плодност дел од најуспешните битолчани. На 01.03.2014г. во ресторан Вавилон беше одржана манифестацијата "Најуспешни битолчани за 2013", организирано од страна на Битолски весник.

На настанот присуствуваат повеќе од 850 гости и 150 кандидати за најуспешни битолчани. Со своите резултати во областа на медицината односно гинекологијата и хуманата репродукција, Болница Плодност со д-р Таше Трпчевски и целиот тим се дел од најуспешните битолчани, бренд на Битола и Македонија.

Оваа награда е само уште еден мотив и поттик за поголем ангажман за воведување на нови стандарди и технологии во медицината во Македонија, а со тоа и поголем број на задоволни пациенти од нашите услуги.

Во прилог е дадена галеријата од манифестацијата:

Болница Плодност Битола