ВИДЕО: Предавање на тема Безболно раѓање, најсреќно доживување

ВИДЕО: Предавање на тема Безболно раѓање, најсреќно доживување

Речиси кај секоја жена постои страв од тоа како ќе се одвива породувањето. Тоа е сосема нормално, велат лекарите. Важно е да се разбере дека болките што се јавуваат за време на породувањето се разликуваат од болките што се јавуваат за време на болест. Контракциите ќе помогнат Вашето бебе да пристигне во овој свет.Секое породување е различно, па никој со сигурност не може да каже како ќе се одвива или колкава ќе биде болката. Постојат повеќе фактори кои влијаат на интензитетот на болката: големината на бебето, големината на Вашата карлица, силата на контракциите, начинот на кој мајката го доживува самиот процес на раѓање, нејзините емоции ит.н.Сите овие болки ги нема доколку се одлучите на пороѓај со епидурална анестезија или уште се вика епидурална анелгезија.

„Жената доколку не сака да има болки при самиот чин на породување тоа може да се постигне со епидурална анелгезија. Бенифитот е голем, покрај болката која ја нема при породувањето, жената веднаш откако ќе се породи може да го земе враце детето и да го осети најсреќното доживување" - изјави Прим.д-р Васко Димитровски - Aнестезиолог-реаниматолог во болница „Плодност".

Mногу трудници размислуваат за овој начин на облажување на болките но се двоумат заради различни последици за кои слушнале или заради стравот од самата постапка. Епидуралната анастезија велат докторите се користи во втората фаза на породувањето.По делувањето на анестезеијата пациентката чувствувала дека контракциите станувале помалку болни и се губело чувството во долниот дел од телото.Битолчанки се повеќе се решавале да се породат со епидурална анестезија. Токму трибината „ Безболно раѓање најсреќно доживување" во организација на „Плодност" ги информираше трудниците за ова безболно раѓање.

„Целта со оваа трибина која што сакаме да ја постигнеме е се повеќе битолчанки да се информираат за овој безболен чин на пороѓај.Скоро секоја втора жена во светот се решава да се породи со епидурална анестезија"- изјави Симона Митревска, медицинска сестра.

Пред операцијата докторот анестезиолог го договара со вас целиот тек на пораѓајот. Вие мора да потпишете дека сте се согласиле да се породите со епидурална анастезија. Ќе имате пороѓај без болки и верувајте во анестезиолошкиот тим при болница „ Плодност" .

Болница Плодност Битола