Болница Плодност дел од Eshre симпозиум 2013

Болница Плодност дел од Eshre симпозиум 2013

Болница Плодност од Битола учествуваше на симпозиум организиран од страна на Европското здружение на хумана репродукција и ембриологија (eshre) одржано во Иаси, Романија.

На симпозиумот присуствуваа др.Таше Трпчевски и др.Владимир Поповски. Симпозиумот вклучуваше различни работилници каде учество зедоа реномирани и докажани доктори како што се, проф.Танасе (Кипар), проф.Гримбизис (Грција), проф.Ли (Шефилд, Англија), проф.Пуман (Белгија), проф.Бугати(Италија) и др.

На симпозиумот се разговараше за примената на ендоскопската хирургија во репродуктивната медицина. Нашите доктори практицираа ендоскопска хирургија, кој што ја применуваат во Болница Плодност. Тренинг сесијата вклучуваше работа со најновиот инструмент Бугати за хистероскопска миомектомија. Креатор на овој инструмент е проф.Бугати, по што и го добил името.

Според тоа што го видоа и заклучија нашите доктори на симпозиумот, слободно можеме да потврдиме дека Болница Плодност е дел од врвот во примената на ендоскопската хирургија во Европа.

Болница Плодност Битола