Болница Плодност дел од најпопуларните за 2011

Болница Плодност дел од најпопуларните за 2011

Во време кога секој во животот и своето работење се обидува да постигне што поголеми успеси, задоволството е дотолку поголемо кога некој друг тоа го потврдува и го признава. Секогаш јавноста е таа која добро знае да оцени што е добро и квалитетно и да оддаде признание.

Манифестација што ТВ Орбис традиционално ја организира веќе по шести пат, оддавајќи им признание на оние што успеале да го привлечат вниманието на целокупната општествена јавност. За тоа кој да ја понесе оваа престижна титула, кои некои ја нарекуваат и оскар на популарноста, одлучуваа гледачите на ТВ Орбис.

Болница Плодност е прогласена за најпопуларна приватна болница за 2011.

"Почитувани присутни, дами и господа. Чест и задоволство ми е што вечерва да ја примам наградата, вака престижна награда за нашата болница. Од името на сиот колектив, на стручниот колегиум и менаџерот и сопственик на болницата искрајно им се заблагодарувам на телевизија Орбис и сите што придонесоа да ја добиеме оваа награда и да се најдеме во списокот на лауереатите за изминатата година. Од предходно изнесеното, слушнавте за нашите резултати, постигнати за краток временски период. Ние немаме намера да застаниме на предходно изнесеното. Спремни сме, стручниот тим со својата стручност, со интузиазмот да постигнуваме и нови резултати, повисоки од веке изнесените" е дел само од изјавата на стручниот директор на Болница Плодност, др.Трајан Ивановски.

За повеќе погледнете ги фотографиите и видеото дадени во прилог.

Болница Плодност Битола