Абдоминален серклаж во Болница Плодност Битола

Абдоминален серклаж во Болница Плодност Битола

Во нашата болница е породено бебе, здраво, во одлична кондиција, доносено со предходен адбоминален серклаж кој е за прв пат направен во Македонија на бремена жена во 14та гестациска недела.

Пациентката предходно имала пет спонтани абортуси заради слабост на внатрешното устие на матката. Инаку овој абдоминален серклаж се прави само во две до три држави во Европа.

Во Македонија за прв пат и едниствено во ПЗУ Болница Плодност од Битола и ќе стане пракса во иднина, и ќе се очекуваат да доаѓаат и пациенти од странство. Оваа постапка во Холандија изнесува од 8000 до 10000 евра.

За закажување и добивање на подетални информации обратете се на телефоните 047 208 880 или 075 472 503

Болница Плодност Битола